По неколку децении, Охрид добива,нов уреден влез . Осветлениот грб на Општината, изработен од бехатон плочки, обоен во соодветни бои и патоказна стрелка која насочува кон Охрид, изведена од декоративни растенија, од денес ќе ги пречекуваат гостите на градскиот влез на магистралниот пат Охрид- Струга. Околниот простор кој досега беше неуреден е дооплеменет со уредена зелена површина и многу цвеќе. Проектот за поубав градски влез е на општина Охрид а го реализираат јавните претпријатија, Комуналец, Ниско Градба и Градски гробишта.
Деновиве, надлежните општински служби го санираа дефектот на електричната мрежа по што градскиот влез е целосно осветлен.
Извор: www.ohrid.gov.mk |