Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЧЕСНИЦИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ “РАЗИГРАНО ОРО“ НА ПРИЕМ ВО ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Претседателката на советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска  и  заменик градоначалникот, Ангел Јанев   денес во зградата на Локалната самоуправа ги примија  учесниците на меѓународниот фолклорен фестивал “Разиграно оро“ што од 30 јуни до 3 јули се одржува во Охрид.

Претседателката на советот, Гордана Коњаноска   на  учесниците  на фестивалот од Русија, Полска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, од свое и од име на градоначалникот Никола Бакрачески им посака и преостанатите  фестивалски денови да им бидат успешни со  многу дружење и пријатен престој во Охрид.  

На средбата беше истакнато дека Општина Охрид за наредните фестивалски изданија  битно ќе се заложи за подобрување на условите за одржување на фестивалот .

Учесниците на “Разиграно оро“ вечерва ќе имаат концерт крај езеро во комплексот на некогашната плажа “Горица 3“. Почетокот е закажан за 21 часот.

Инаку, овој меѓународен  фолклорен фестивал во Охрид се одржува по осми пат,  оваа година брои над 1 000 учесници. Организатор на случувањето е ансамблот “Филиграни“ од Охрид. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1315  пати
Објавено на: 02.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©