Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА “ОХРИД-СЛИКИ ОД МИНАТОТО“
Untitled Document

Во рамки на празнувањата посветени на Св. Климент Охридски -Патрон на градов, вечерва во изложбениот салон на МАНУ во куќата на Уранија свечено беше отворена   изложбата на фотографии „ Охрид-слики од минатото“ , подготвена од истоимената Фејсбук група.
Во име на градоначалникот Никола Бакрачески ,  присутните ги поздрави советникот во  Совет на општина Охрид , Климе Шешоски.

-Благодарение на развојот на социјалните мрежи, група вљубеници на стари фотографии од Охрид , на Фејбук ја формираа групата „ Охрид- слики од минатото“ . Со тоа на  пошироката јавност и беше овозможено да види стари фотографии кои како што велат  долги години биле грижливо чувани во приватните архиви. Отворањето на оваа страница предизвика и многу млади луѓе да ги натераат своите родители или нивните баби и деовци да ги отворат семејните албуми , да најдат некоја фотографија и да ја постираат на Фејбук преку групата „ Охрид- слики од минатото“ .Мора да се потенцира дека со овој проект повеќекратно се зголеми бројот на стари фотографии  од Охрид , кои покрај другото можат да послужат за подготовка  на  монографии или  други изданија, потенцира Шешоски.

Вечерашната изложба во куќата на Уранија беше посетена од бројни охриѓани, вљубеници во убавите фотографии.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1396  пати
Објавено на: 06.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©