Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
7-МИ ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД
Untitled Document

Вчеравечер  во хотелот Инекс Горица  беше отворено годинешното издание на Хорскиот фестивал што во Охрид се одржува по седми пат.Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев    


-          Хорската музика, посебно преку овој фестивал, без сомнение, години наназад го прават еден од најуспешните, најпријатните и најраспеаните градови во Европа.
Овие денови благодарение на ова издание на Охридскиот Хорски фестивал, Охрид е збогатен со Вас, почитувани: Од Литванија, Романија, Србија, Босна, Полска, Хрватска, Германија, Унгарија, Украина, Бугарија, Турција, Естонија, Македонија ...
Благодарам  што преку музиката и преку Вашето присуство, дел од Вашата култура ја пренесувате кај нас, а лично се надевам и дека дел од Охридското волшебство, од македонската култура ќе ја  понесете со Вас,
истакна Јанев Фестивалот кој завршува на 25 август во  понеделник има ревијален  и натпреварувачки дел .

Хоровите  учесници кои се 34 на број    од 13 европски земји ќе  се натпреваруваат  во три категории духовна, поп и фолк музика.
Жири комисијата ќе ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Марчин Томчак (Полска), Јасенка Остојиќ (Хрватска), Запро Запров (Македонија), Себастјан Врховник (Словенија) и Дарина Чакарова (Бугарија).
Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс Горица и црквата Св. Софија, а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено. Влезот е слободен.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 22.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©