На 1-ви октомври истекува рокот за пријавување на конкурсот за
пројавување на интерес кој Локалната самоуправа во Охрид го распиша со цел
да се дојде до нај мотивираните и нај амбициозните кадри кои се
заинтересирани за ангажман во општината.
- Конкурсот има само една намена, да се даде шанса на него да се
пријават сите кои се високо мотивирани, амбициозни, способни, образовани и
кадри кои имаат желба да работат, да се докажуваат и да одат напред во
нивниот професионален живот и кариера. Јасно и гласно кажав и ќе повторам
дека на конкурсот шанса имаат сите, а единствени квалификации се
способностите и образованието на лицата кои ќе се пријават. Нема други
влијанија и тоа во оваа прилика уште еднаш го повторува. Значи ги бараме нај
способните, неважно од која нација, вера, политичка определба или адреса на
живеење се - изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Тој јавно напомена дека ургенции преку партии, пријатели, роднини или дурги
канали кои низ децениите наназад беа одлика на функционирањето на
поранешните власти нема да поминат и ако се случат ќе се третираат само како
негативна препорака и дискфалификација на кандидатот.
Конкурсот е распишан буквално за сите раководни позиции во админситрацијата,
но и за дирекното опкружување на Градоначалникот каде се бараат негови
асистенти.
Извор: www.ohrid.gov.mk |