Денешната седница на Советот на општина Охрид беше посветена на советничките прашања на кои одговараа градоначаникот Никола Бакрачески, претставници на стручните служби, образовните установи и јавните претпријатија.
Членовите на Советот на општина Охрид поставуваа прашања и добиваа одговори за преземањата на локалната самоуправа во речиси сите области од општественото живеење, при што доминираа прашањата од областа на инфраструктурата, туризмот, образованието и капиталните инвестиции.
Извор: www.ohrid.gov.mk |