Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРОЕКТИТЕ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ПОДОБРУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ ЗА ПОСТАРИ ЛИЦА
Untitled Document

Општина Охрид доби грант од страна на Делегација на Европска унија на Македонија во рамките на третиот повик за предлог-проекти за ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија. Наслов на проектот е „ Поддршка на прекугранично претприемништво / Транснационално бизнис консултантство , акроним на проектот SCBE / ТБЦ . Договорот за овој  грант е  во вкупен износ од 184.958,00 евра, а времетраење на проектот  е 15 месеци.

-Еден од  приоритетите на прекуграничната програма  Грција-Македонија е подобрување на развојот на прекуграничната област  , особено со промоција на претприемништвото како долгорочна гаранција за оддржлив економски развој. Главните проектни активности вклучуваат и студии за одредени области за прекугранична соработка (Флорина-Охрид-Солун). Активностите на проектот вклучуваат изработка на  веб-страница на проектот,проектни  состаноци и финални конференции, промотивни пакети, SWOT и PESTEL анализи, бенчмаркинг платформа, програми за обука на невработени лица и претпријатија( претпиемашство и јавно приватно партнерство), сертификација на бизнис планови, водич за инвестиции во прекугранична област , електронски  консултантски услуги, како и набавка  на компјутер, лаптоп, ЛЦД проектор и печатач- рече на денешната прес конференција Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.

Очекувани резултати од проектот, како што беше речено, се најмалку 2000 посетители годишно на веб страницата на проектот, најмалку 8000 лица да бидат информирани за реализација на проекот, најмалку 2000 претприемачи да ја  користат платформата за бенчмаркинг, 100 индивидуални и општествени претпријатија да ги зајакнат нивните капацитети во прекуграничната област Флорина- Охрид -Тесалоники, 100 постоечки претпријатија да научат како да ги избегнуваат проблемите во работењето , подигнување на свеста кај владините органи на свеста и преземање на национални и локални иницијативи за поддршка на целните групи на проектот.

Вториот проект е за подобрување на туризмот за постари лица во мали и средни езерски градови во Европа- LAK-tive Tourism кој е добиен  со аплицирањето за  програмата COSME 2015.

-Вкупен износ на проектот е 356,499.00 евра од кои грант износот е  233.000,00 евра.Корисници на проектот се 9 градови од пет земји( Италија, Словенија, Македонија, Шпанија и Ирска) . Од Македонија  партнери се  Општина Охрид и ТА „ Виспој“ со вкупен буџет од 41,131 евро од кои 30.000 евра се грант средства. Лидер партнер на проектот, кој ќе трае 15 месеци е општина Исео од  Италија- рече раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.

Цел  на LAKtive туризам проектот е  создавање на специфичен туристички производ фокусиран на постари  целни групи (над 55 години) кои патуваат во текот на ниска и средна туристичка  сезона во малите градови кои се лоцирани покрај  езера.
На денешната прес конференција беше соопштено дека за изминатите три години и три месеци,  Секторот за туризам и локален економски развој аплицирал и добил финансиска поддршка за 29 проекти во вредност од 1.091.500,оо евра, а во  тек е одобрувањето на уште четири проекти во износ од 679.000,оо евра.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1397  пати
Објавено на: 29.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©