Дечињата од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , маскирани како цветови, пчелички и пеперутки, денеска на градскиот плоштад, со дефиле и неколку музичко- ритмички точки, симболично ја пречекаа пролетта.
Заедно со децата од основните училишта, ја реализираа и активноста „ Да го прегрнеме езерскиот бисер“ со порака сите заедно да го чуваме и заштитуваме Охридското Езеро.
Де од манифестацијата „ Да ја дочекаме пролетта“ се одвиваше и во градинката каде се собираше хартија и пластична амбалажа.
Извор: www.ohrid.gov.mk |