Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈАТА „ МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЦВЕЌЕТО- ЗЕМЈА НА РОЗИТЕ“
Untitled Document

Во акцијата на Министерството за животна средина „ Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на 21- ви март ( петок ) со активности на Одделението за заштита на животната средина и  Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид.

Локалната самоуправа во содејство со  ЈП „ Охридски комуналец“  ќе  организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а  во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на акцијата, ќе биде организирано засадување на рози.

На 21-ви март, под мотото „ Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ во сите региони ќе бидат засадени 100 илјади рози. Освен визуелниот ефект што ќе се постигне, акцијата ќе има и еколошко значење бидејќи розите се познати по нивната карактеристика за извлекување на тешките метали од почвата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1249  пати
Објавено на: 18.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©