Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ОДЛАГА УРИВАЊЕТО НА МОСТОТ НА ЖЕЛБИТЕ
Untitled Document

Уривањето на “Мостот на желбите“ кај месноста Потпеш што општинскиот  инспекторат  ја најави за денес , се одлага и најверојатно истата ќе се реализира по завршување на летната туристичка сезона односно на есен.  До процесот на уривање,  надлежните служби ќе работат на изнаоѓање решение за  зголемување на  безбедноста на минувачите на  постоечкиот мост.

Општинскиот инспекторат изготви решение за уривање на “Мостот на желбите“ кој знаете дека е дивоградба и претставува опасност за граѓаните. Утринава беше планирано рушењето но е одложено поради летната туристичка сезона која е во тек.  Сопствениците на мостот и мештаните  заедно со стручни служби и претставници од локалниот инспекторат   се повикани на итен состанок во Секторот за урбанизам  со цел во најскоро време да се изнајде техничко решение за подобрување на безбедноста на мостот до  крајот на летната сезона. Остануваме на ставот дека мостот мора да се отстрани  и  тоа ќе се реализира по завршувањето на летната туристичка сезона, изјави Никола Милески од Локалниот инспекторат.

Жителите од  Месната заедница “Стар град“  ја поздравија одлуката за одлагање на уривањето на “Мостот на желбите“  и се надеваат дека  најавената пешачка патека  што треба да се гради и  која ќе го поврзува градското пристаниште со населбата Канео и потоа ќе води до Лабино ќе биде многу побезбедна за минувачите. Проектот за пешачката патека е во тек и е на Министерството за транспорт и врски во соработка со Општина Охрид. 

Инаку, “Мостот на желбите“ е  пуштен во употреба  на 8-ми септември 2009 година и е   донација од поранешниот бизнисмен Велија Рамковски. Објектот  е дивоградба, изграден е без проект, без надзор додека се градел и нема технички прием пред да се предаде во функција а  од неодамна на мостот е дограден уште еден  нелегално изграден крак.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1305  пати
Објавено на: 23.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©