Општина Охрид, на ден 14.11.2014 год. ( петок ) со почеток во 12 часот,
организира јавен увид и расправа по Извештајот за стратегиска оцена на
влијанието на животната средина за УПВНМ Индустриска зона „Мауцкер“ КО Долно
Лакочереј, вон град.
Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен
од денес 04.11.2014 до 03.12.2014 година, а увид може да се изврши секој
работен ден од 08 – 16 часот во Одделението за заштита и влијание врз
животната средина или на општинската веб страна www.ohrid.gov.mk.
Сите заинтересирани се покануваат да земат учество на јавната расправа или
своето мислење, забелешки и предлози да ги испратат по електронска пошта на
urbanizam@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса ул. „Димитар
Влахов “ бр. 57, Општина Охрид.
Заинтересираните страни можат да го достават своето мислење во врска со
извештајот, во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УПВНМ
Индустриска зона „Мауцкер“
Извор: www.ohrid.gov.mk |