Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИФАТЕН ЕЛАБОРАТОТ ЗА ПРОЦЕНЕТИТЕ ШТЕТИ ОД МРАЗОТ ВО МЕСЕЦ АПРИЛ
Untitled Document

Советот на општина Охрид, на денешната седница, го усвои  Елаборатот за проценка на штети од мраз, слана и ниски температури настанати на подрачјето на општина Охрид на  25.04.2016 година.Елаборатот, кој ќе биде доставен до надлежните државни органи, го изготви Комисијата за проценка на штети и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Охрид.

Според податоците, по мразевите и сланата од 25.04.2016 година, барање за надомесет од штети поднеле 110 регистрирани земјоделци од подрачјето на Охрид и селата Лескоец, Косел, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Ливоишта, Вапила, Велгошти и Трпејца. Вкупната проценета вредност на штетите изнесува 20.770.199,оо денари.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1358  пати
Објавено на: 22.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©