Со комеморативната седница во големата сала на општина Охрид денеска членови на семејството, голем број пријатели и колеги изразија последна почит кон прим. д-р Илија Прангоски, кој ненадејно почина во 59 –та година од животот.
На комеморацијата се обратија Претседателот на Македонското лекарско друштво Проф. д-р Јован Тофоски, Јованка Точко, заменик претседател за Здружението на лекари Охрид и д-р Тоде Клишески вработен во Центарот за Кардиоваскуларни заболувања во Охрид.
Погребот на примариус д-р Илија Прангоски ќе се одржи во 15 часот на Градските гробишта во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |