Приватното погребно претпријатие ‘’ Две солзи ’’кое до денес
користеше простории во објектите на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“, претпладнево се
исели од просториите.
Претходно ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ и ‘’Две солзи’’ потпишаа меѓусебна Судска
спогодба со која прекина судскиот спор кој ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ го покрена
против ова претпријатие , и истото се исели од просториите, извршено е
примопредавање на просториите , потпишан е адекватен записник променети се
бравите на просториите.
Согласно спогодбата приватното погребно претпријатие на ЈП „ГРАДСКИ
ГРОБИШТА“ ќе мора да му ја измири наемнината и за деветти месец, заедно со
сите режиски трошоци за струја и комуналии.
Претпријатието се исели 10 дена пред предвидениот рок.
ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ претходно покрена судска постапка за раскинување на
договорот кој претходното раководство го склучило со ова јавно претпријатие
, а кој бил оценет како штетен за јавното претпријатие.
Извор: www.ohrid.gov.mk |