Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНАТА СО АПЕЛ ДА НЕ СЕ СКОКА ВО ЕЗЕРСКАТА ВОДА ОД ОПАСНАТА КАРПА КАЈ КАНЕО
Untitled Document

Со оглед на зачестените интервенции  на спасителите на вода кои се распоредени на капалиштата Канео и Потпеш, а кои се однесуваат на извлекување од  езерската вода и укажување на прва помош  на млади лица кои се повредиле од скокање во вода од карпата„Кукуле“ кај Канео , општина Охрид апелира до охриѓани и гостите во иднина да се воздржат од вакви ризични скокови со цел да не дојде до  несакани случувања со трагичен крај.
Карпата „Кукуле“ е со  недоволно безбеден пристап и не е наменета за скокање. Нерамното плитко и небезбедно дно во езерото каде се доскокува, може да има фатални последици по  животот на неискусните скокачи кои немаат  доволни сознанија за опасноста на теренот.
Во просек спасителите на вода при Црвен –Крст Охрид во секоја туристичка сезона кај карпата на Канео интервенираат преку 10 пати. Настраданите се со  сериозни осекотини, искршеници или повреди на рбетниот столб. Неодамна  по скок во вода од ова опасно место   со сериозни повреди  се здоби 16 годишна девојка.      

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 13.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©