Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претставници на Здружението на семејствата на загинатите бранители „ Македонски херои“ . Претставниците на здружението го информираа градоначалникот за текот на реализирањето на нивните законски регулирани права  и изразија задоволство од престојот во Охрид.


По непосредниот и искрен разговор, градоначалникот Бакрачески  ја прифати нивната покана да ги посети во одморалиштето на МВР во Охрид, каде на седумдевен бесплатен одмор  престојуваат  120 членови на семејствата на загинатите бранители  од Здружението  „ Македонски херои“ .

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 26.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©