Продолжуваат активностите на Ј.П. "Охридски Комуналец" за расчистување на
улиците и тротоарите од снег и мраз низ градот. Денес и вчера од раните
утрински часови вработените на претпријатието беа ангажирани на попрскување
на тротоарите со сол и песок по повеќе улици, со цел побезбедно движење на
пешаците. Беа опфатени улиците: Јане Сандански, Питу Гули, 7ми ноември, Гоце
Делчев, дел од бул. Туристичка и во стариот дел од градот. Покрај тие
активности, дел од екипите се ангажирани за рачно чистење и отстранување на
мразот по пешачките патеки со користење на казми и лопати. Во наредните
денови ќе се продолжи со истите активности и по другите улици и патеки, каде
што е отежнато движењето на пешаците.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |