Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НАЦИОНАЛНА АКЦИЈА „ МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД“
Untitled Document

Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијата за чиста животна средина „ Ајде Македонија“ утре, на 3 октомври ( сабота) ја организира Националната акција за чистење „Македонија без отпад  2015“.
Во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Република Македонија ќе се одржи националната акција за чистење на околината  од отпадот кој се наоѓа на несоодветни места. Целта  на проектот е  граѓаните и сите засегнати групи, организирано и што по масовно да се вклучат да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа насекаде.
Во рамките на акцијата општина Охрид и ЈП„Охридски комуналец“  ќе го исчистат потегот на магистралниот пат од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до селото Подмоље.Основните училишта во општината ќе се вклучат во акцијата со чистење на дворните места на училиштата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 02.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©