Во понеделник Охрид ќе блесне во новогодишен сјај. Целосно украсени со светлечки реквизити се градскиот плоштад и чаршијата. Од синоќа на градскиот плоштад блеска и новогодишната елка, во златна боја. Денес екипи на Секторот за Комунален Развој при Општината, работат на поставување на светлечките топки на раскрсницата кај Охридска Банка со што доцна попладнево се очекува да се заокружи китењето на централните градски улици. За викендов екипи од Локалната ќе работат на украсување на периферните улици во Охрид .
Годинава украсувањето на градов е збогатено со нови новогодишни реквизити а се користат и минатогодишните.
Извор: www.ohrid.gov.mk |