Градежните активности за изградба и реконструкција на тротоарот на
улицата „Мите Богоески“ на пресекот со улиците „Димитар Влахов“ и улицата
„Даме Груев“ кај економското училиште завршија. Комплетно се уредени
тротоарите од двете страни на улицата, поплочени со бехатон плочки и
поставени се бетонски столбчиња. Градежните работи во целост ги изведуваше
ЈП „Нискоградба“, а хортикултурното уредување го вршеше ЈП „Охридски
комуналец“.
Со оформувањето на сообраќајницата се зголемува безбедноста на пешаците, а
особено на учениците од ОССУ „Св. Кирил и Методиј“ – Економско училиште.
Извор: www.ohrid.gov.mk |