Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ВОВЕДУВАЊЕ ИНТЕГРАТИВНИ СИСТЕМИ ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ СОЗДАДЕ ПОЕФИКАСНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Untitled Document

Неопходно да се спроведе до обука на поголем број нестручно вработени лица во охридската општинската администрација преку системите кои ги има направено Министерството за информатичко општество и администрација. Идната недела ресорното министерство ќе испрати активни лица кои ќе и помогнат на општината да ги обучи луѓето кои работат на компјутерскиот систем во Локалната за да можат да ја инсталираат новата опрема по што ќе се направи и првична обука на вработените во Општината , беше истакнато по работната средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Иваноски.

“Она што е посебно важно и побаравме стручно мислење од министерот Иваноски, беше иницијативата на Општина Охрид , а за која што веќе во завршна фаза е тендерот за нова информатичка опрема со која ќе создадеме еден интегративен систем кој што досега во општината воопшто не беше воведен. Целта е да воведеме поефикасна администрација да ги рационализираме активностите , да имаме подобра координација и подобра интеграција на сите сектори и одделенија кои функционираат во склоп на Локалната Самоуправа со што сметам дека во иднина ќе им овозможиме на граѓаните да добиваат многу поквалитетен сервис и многу по навремени услуги во однос на она што го добиваа до сега“, изјави градоначалникот Бакрачески.

 “Проблемот со превработеноста , што Општина Охрид ја наследи од минатото локално раководство ќе го надминуваме со примена на два системи. Првиот е систем на микро учење кој што ние го спроведуваме подолг период. Сите кои од администрацијата доаѓаат на до обуки кои ги спроведува Министерството за информатичко општество и администрација , се сретнуваат со корисничко име и добиваат инсталација на нивниот компјутер или доколку имаат паметен телефон со системот на микро учење ќе можат да следат и дополнителни обуки, односно можат системот да го користат за свој потсетник за материјата што ја изучуваат. Со системот на микро учење им се овозможува на вработените во администрацијата да ги добиваат навремено новите измени на нивниот компјутер а секојдневно да излегуваат картичките на потсетување со кои им се укажува измените“,истакна министерот , Иваноски.

Вториот систем кој што ресорното министерството ќе го спроведува е системот на учење преку далечина, во кој се содржани основите во менаџирање, основи за човекови ресурси, напредни обуки за човекови ресурси, напредни обуки за топ менаџмент, кои преку интернет ќе се достапни за сите вработени во администрацијата на Општина Охрид.

 Обуките се ефикасни без дополнителни трошоци затоа што се спроведуваат по електронски пат.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1266  пати
Објавено на: 09.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©