Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ФРАНЦУСКАТА ВЕЧЕР НА ОХРИДСКО ЛЕТО
Untitled Document

Градоначалникот  Никола Бакрачески во придружба на амбасадорката на Франција во Република Македонија Н.Е. Лоренс Оер, синоќа во црквата Св. Софија    го проследи настапот на  францускиот кларинетист Мишел Летјек  и квартетот „Жирард“ кои настапија во рамки на  годинешното издание на „Охридско Лето“.

Францускиот кларинетист Мишел Летјек во моментов се смета за еден од најеминентните  фигури на светската музичка сцена. Посветен е на современата музика и затоа многу често премиерно изведува дела и концерти на голем број современи композитори меѓу кои и  Кшиштов Пендерецки, Џон Кориљано, Марсел Ландовски и други. Квартетот  „Жирард“ се состои од врвни музичари кои дипломирале на Конзерваториумот во Париз а се усовршувале во класата на реномирани професори, виолончелистот Франсоа Салке и виолинистот Мигел да Силва.
По завршување на синоќешниот концерт, амбасадорката Оер на музичкиот селектор на„Охридско Лето“, Гордана Јосифова Неделковска и врачи признание со одлука на француската влада за посебен придонес во афирмацијата на француската култура со воведување на Француска вечер на овој фестивал.

Завесата на фестивалот „Охридско Лето“ годинава се спушта на 20 август  со театарската претстава  Figurae veneris historiae која ќе се одигра на сцената Долни Сарај.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 18.08.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©