На пригоден начин, со дефиле на противпожарните возила по улиците на Охрид,Територијалната противпожарна единица, го одбележа 20-ти Мај – Денот на пожарникарството во Република Македонија.
Во склоп на активностите се одржа презентација на противпожарна опрема во Противпожарниот дом - Охрид.
По повод Денот на пожарникарството се одржа прием во Противпожарен дом - Охрид на кој секретарот на општина Охрид, м-р Димитар Спасески, од името на Градоначалникот и свое лично име им го честита Денот на пожарникарството и најави дека Локалната самоуправа во иднина технички ќе ја доопреми единицата за да може да одговори на потребите на граѓаните, а истовремено да ги исполни законските обврски за да излезе во пресрет и на потребите на Центарот за справување со кризи. Традиционално охридските пожарникари зедоа учество во крводарителска акција што се одржа во ЈЗУ Општа болница - Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk
Фотографија: www.webohrid.com
|