Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТАВЕНИ ВО УПОТРЕБА СЕМАФОРИТЕ КАЈ ОУ “ХРИСТО УЗУНОВ“
Untitled Document

Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при општина Охрид,   известуваат дека ставени се во функција веќе постоечките семафори на раскрсницата  кај ОУ “Христо Узунов“  на која    се пресекуваат улиците   “Питу Гули“ и  “Марко Нестороски“ . На овој простор се воведува  и  нов режим на сообраќај.
Нормалниот режим на сообраќај ќе се одвива на следниов начин:
-со трепкање на жолт сигнал за моторни возила а истовремено црвен сигнал за пешаци;
-системот овозможува со притискање на тастер на секој столб од семафорите да се запали зелен светлосен сигнал за пешаци,со заклучок дека после притискање на соодветниот тастер од страна на пешакот се вклучува црвен светлосен сигнал за возилата;
-после овој процес продолжува нормалното функционирање на раскрсницата со трепкање на жолт светлосен сигнал.
Од секторот за комунални дејности известуваат дека со овие нови правила за движење на моторните возила и пешаците на овој високо- фреквентен појас од територијата на Општина Охрид значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и партиципирањето  во него.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 14.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©