Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДА НЕ СЕ ФРЛА ОТПАД ВО ЧИСТИТЕ РЕЧНИ КОРИТА И КАНАЛИ
Untitled Document

Во тек е акцијата на Локалната самоуправа  за чистење на речните корита и канали на територијата на Општина Охрид. Денес се  работи  на чистење на коритото на река Сушица по што ќе следи чистењето  и проширувањето на река Коселска и нејзините дотеци.
Надлежните служби апелираат до охриѓани да не фрлаат отпад и отпаден материјал во исчистените и проширени  речни корита и канали затоа што во спротивно ќе следат соодветни законски санкции.

Во чистењето се вклучени екипи и  механизација на ЈП „ Охридски комуналец“.
За чистење на речните корита и канали согласно  Развојната програмата „Други комунални услуги“ за 2016-2018 година, Општина Охрид  од својот буџет има издвоено 4 милиони денари, а за механизацијата што се користи  на терен обезбедени се  4 тони нафта, поддршка  од Министерството за животна средина на Р. Македонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 13.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©