Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ВО СЛОВЕНИЈА
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески  заедно со претставници на македонското  Министерство за  животна средина  и просторно планирање, утре  во Љубљана Република Словенија  ќе има   работна посета   во  словенечкото  Министерството за финансии .

Целта на работната средба ќе биде обезбедување  поддршка за  проектите за заштита на Охридското Езеро кои ќе бидат кофинансирани од   словенечката Влада. Акцентот ќе биде ставен  на проектите за  прочистителната станица во село Трпејца  како и реконструкција  и адаптација на колекторскиот систем од Охрид до Пештани.

На работната средба  во Словенија, ќе биде разговарано и за други прашања од сферата на заштитата на Охридското Езеро и човековата околина.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1236  пати
Објавено на: 17.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©