„Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“ ќе биде тема
на трибината за аутизам што во сабота , 12.03 2016 година ќе се одржи во
големата сала на општина Охрид со почеток во 12 часот.
Целта на настанот е да се направи нешто, да се поттикне отворањето на
центри за децата со аутизам.
На средбата
покрај пригодното обраќање на претставник од општина Охрид свое предавање ќе
има проф. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија на
Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а претседател
на Македонското научно здружение за аутизам,доктор Сашо Василевски, како и
родител, кој има дете со аутизам.Модератор ќе биде Александра Апостолова,
дефектолог во Општа Болница –Охрид. Најавено е присуство на стручни лица,
доктори, дефектолози, психолози, педијатри, како и родители чии деца имаат
аутизам.
По Штип, Охрид е втората општина, што пројавила интерес за одржување
на трибина од ваков вид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |