Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска одржа координативен состанок, на кој се расправаше за подготовките за навремена реакција во случај на елементарни непогоди. На состанокот стана збор за преземањата во случај на поплави и поголеми снежни врнежи во есенскиот и зимскиот период, а беа оценети и активностите на надлежните институции од оваа област, во текот на летните месеци.
Извор: www.ohrid.gov.mk |