По повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, Локалната самоуправа го украси градскиот плоштад со традиционални велигденски јајца – симболот на воскреснувањето и повторното раѓање.
За Велигден има многу обичаи во светот, но само еден ги обединува сите - вапцањето на јајца.
Велигденското украсување на домот внесува дополнителна радост во славањето на новиот живот, па оттука и идејата да се украси и градскиот плоштад со црвени велигденски јајца кои ќе светнат денека на Велики Четврток, кога пред изгрејсонце се вапцува едно црвено јајце кое се смета дека има заштитна моќ и се чува на посебно место во куќата до следниот Велигден.
Плоштадот е украсен и со велигденски дрвца со шарени јајца кои веќе години наназад стануваат дел од начинот на одбележување на Велигден.
Во паркот на градскиот плоштад поставеное е едно двометарско велигденско јајце и осум мали велигденски јајца.
Извор: www.ohrid.gov.mk |