Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
Untitled Document

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10, 51/11,123/12, 93/13,42/14 ,44/15 и 129/15), Општина Охрид, на ден  01.03.2016 година, донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за откупен центар на дел од КП 702/1 КО Долно Лакочереј вон град, Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .

Одлуката  заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk

 Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена  и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на планскиот документ  Локална урбанистичка планска документација за откупен центар на дел од КП 702/1 КО Долно Лакочереј вон град, Општина Охрид,  нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на локалната урбанистичка планска документација е предвидено со Програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Охрид, донесена од Советот на Општина Охрид во 2015год., а согласно определбите на Просторниот план на РМ и условите за планирање на просторот издадени од Агенцијата за планирање на просторот. Со реализација на планскиот документ  е  предвидена следната класа на намени:Г-4 (стоваришта).
Во рамки на планскиот опфат е  предвидена реализација на проект што е предвиден со Уредбата за изменување на уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општините во градот Скопје(Сл. Весник на РМ бр.32/12 и поради тоа сметаме дека има потреба истиот да подлежи на нови оценувања.

Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1321  пати
Објавено на: 15.03.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©