Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕМО ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА - ГЕРМАНСКИ КОМПАНИИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА НЕГОВИ ДЕЛОВИ
Untitled Document

Претседателот на Владата на Македонија   Никола Груевски при денешната посета во Охрид  потенцира  дека некогашниот гигант, фирмата  ЕМО повторно ќе биде рестартирана,  и дека  две германски компании се заинтересирани за делови од компанијата, а за што Владата веќе води разговори.


- Делови ќе земат германските компании кои веќе ги објавија своите инвестиции во Охрид. Едната од нив  ќе земе поголем дел од ЕМО  и ќе останат само неколку објекти за кои се заинтересирани две други компании и со нив сме во разговори да ги убедиме да инвестираат. Така што комплетно цело ЕМО да биде повторно рестартирано што за автоделови, што за она што претходно го работеше во делот на трансформатори, далекуводи и слично, изјави премиерот Груевски и посочи дека  компанијата ОДВ  Електрик ги прави завршните   чекори за инвестирање. 


Работиме и што е можеби најважно за вас на привлекување нови инвестиции и отворање нови работни места во Охрид, истакна премиерот и додаде дека и со другата германска компанија се во завршни преговори.   
 Премиерот Груевски  истакна  дека Владата и понатака   ќе продолжи  да бара и други инвеститори. Владата е во почетни преговори со други компании и работи максимално колку што е можно проблемот со вработувањата да биде надминат.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1318  пати
Објавено на: 23.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©