Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 1 100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Untitled Document

Во рамки на чествувањата по повод 1 100 години од упокојувањето на Св. Климент – Охридски, Патрон на градот Охрид,  вечерва во ЦК “Григор Прличев“ со почеток во 21 часот ќе се одржи Свечена Академија.

Пред присутните е предвидено   да се обрати  Претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов по што претседателот на МАНУ, академик Таки Фити ќе говори на тема, „Трајните пораки на Св. Климент Охридски со кои опстојуваме низ столетијата“.

Пред присутните  во ЦК „Григор Прличев “ќе се обрати   и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Свеченостите по повод празникот денес започнуваат во 12 часот   со отворање на изложбата„Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“.  Изложбата ќе биде во црквата „Св. Софија“, а ќе ја отвори академик Цветан Грозданов.

Во 13.00 ч. во ЦК „Григор Прличев“   концерт  ќе одржи  Симфонискиот оркестар на Македонската Филхармонија. Солисти на концертот ќе бидат Ана и Игор Дурловски, а диригент Бојан Цанев.  

Носителите  на одбележувањето на овој значаен јубилеј се, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Општина Охрид,  Македонската академија на науките и уметностите и   универзитетот „Св. Климент Охридски" од Битола .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1345  пати
Објавено на: 09.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©