Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ
Untitled Document

Комуналната инспекција и редарските служби при општинскиот инспекторат од Понеделник 10.02.2014 год. Ќе работат во две смени со цел да се врши поголема контрола на јавната чистота, односно сите несовесни граѓани кои ќе бидат затекнати како фрлаат отпад, градежен шут или зелен отпад на несоодветни места или притоа ја загадуваат и нагрдуваат околината, ќе бидат казнети согласно Законот за јавна чистота.
 
Исто така напоменуваме дека сопствениците на приватни имоти да се придржуваат на членот 6 од Законот за јавна чистота кој гласи :
 „Корисниците, односно сопствениците на отворените простории на јавните објекти и на дворните површини на колективните и идивудуалните објекти за домување, се должни истите уредно да ги одржуваат на начин со кој не се нагрдува и деградира просторот во урбаните средини и редовно да го отстрануваат сметот од истите“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1231  пати
Објавено на: 07.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©