Вечерва на плоштадот кај Чинарот, градоначалникот Никола Бакрачески приреди Ифтар за граѓаните од муслиманската верисповед. Во пријатна атмосфера повеќе од 300 граѓани муслимани и бројни нивни пријатели христијани, споделија заедничка вечера, разменувајќи зборови на разбирање и чувства за заедничка припадност кон заедницата.
На вечерата присуствуваа и дел од советниците и директорите на јавните препријатија, а забележитено беше и присуството на странски туристи. Градоначалникот Бакрачески истакна дека “идејата за ваквото организирање на Ифтарот заедно со Исламската верска заедница е овај настан да прерасне во традиција, за подобра комуникација, разбирање и сплотеност меѓу граѓаните на Охрид“.
Големиот Рамазански пост завршува на 5 јули кога граѓаните од муслиманската вероисповед го слават празникот Рамазан Бајрам.
Извор: www.ohrid.gov.mk |