Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ И МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕВСКИ ГО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ОД ГОРНО ДО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ
Untitled Document

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски  заедно со градоначалникот  на Охрид Никола Бакрачески и со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, денеска  го ставија   во употреба  реконструираниот локален пат од Горно до Долно Лакочереј.  Реконструираниот пат е во должина од околу 3,5 километри и е реализиран со владина инвестиција од околу 18 милиони  денари или приближно околу  300.000евра.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека ново асфалтираниот пат што ги поврзува селата  Долно и Горно  Лакочереј е многу битен за мештаните.   

  - Поставени се уште дополнителни банкини на површина од 3.000 метри квадратни, а претходно на истото му  претходеше асфалтирање на главниот пат на улицата „Радојца Новиќиќ“ кој го поврзува со Долно Лакочерај и асфалтирање на осум краци од истата улица. Претходно беше поставена нова канализациона мрежа во должина од 1,3 километри која за првпат овозможи дел од селото Локочериј да се приклучи на основниот канализационен систем во градот Охрид. Тука само би напомнал дека тука на оваа улица се поставени и 11 т.н. премини за првпат во приградските населби во Охрид коишто претставуваат подземни инсталации кои ги постави ЈП „Ниска градба“, а кои се составени од двокамен цевковен систем и тоа едниот за одвод отпадни води на кој во иднина ќе се приклучат објектите и ќе се поврзат со канализациониот систем, а другиот е за електрични кабли и телекомуникациски инсталации. Овие премини се мошне важни бидејќи овозможуваат во иднина при секоја потреба од поставување подземна инсталација да не се откопува улицата и да не се оштетува асфалтот, објасни градоначалникот Бакрачески.

Премиерот  на државава,  Никола Груевски денеска истакна дека  инвестициите  во патната инфраструктура во Охрид и во околината ќе продолжат и во наредниот период.


-      Веќе течат активностите за изградба на автопатот Охрид - Кичево. Овој проект е од исклучително значење за регионот, за туризмот, за градежните компании, за нови вработувања и во секоја друга смисла. Во текот на оваа година ќе се изработи и соодветната документација за експресниот пат Охрид - Пештани. И оваа делница ќе биде од огромно значење за Охрид и воедно со проценета вредност од околу 60 милиони евра ќе биде една од најголемите инвестиции во овој регион. Исто така се планира реконструкција и на локалниот пат до Велестово. Покрај инвестициите во изградба на патишта, навлезени сме и во многу други проекти од значење за Охрид.  Во тек е изградба на втора и трета фаза во канализацискиот систем во село Лескоец. Ја завршивме реконструкцијата на училиштето „Живко Чинго“ во Велгошти. Помогнавме за реконструкцијата на фасадите на црквите „Св. Богородица Перивплета“ и „Св. Богородица Заумска“, го реконструиравме и изградивме археолошкиот локалитет Манчевци, даваме силна поддршка на манифестацијата и националната установа „Охридско лето“, како и на други културни настани во Охрид. Наскоро очекуваме да започне сериозна реконструкција на болницата „Св. Еразмо“. Накоро ќе започне реконструкција и на универзитетскиот кампус кај Универзитетот „Св. Апостол Павле“, се гради на Плаошник, истакна Премиерот Груевски   и посочи дека активно се работи за на промоција на туризмот и  подготовки на правење на неколку нови плажи онакви какви што заслужува Охрид.


Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски посочи дека како никогаш до сега во државава се градат автопатишта, локални и магистрални патишта односно дека се градат 132 километри нова афтопатска мрежа.


-      Тоа се патиштата Кичево - Охрид, Скопје - Штип и автопатот од Демир Капија до Смоквица. Сакам да истакна дека последниве години посветено работиме на подобрување на и на локалната патна мрежа во РМ. Заклучно со вчерашниот ден во  последните четири години се изградени и рехабилитирани вкупно 640 километри локална патна мрежа во РМ или тоа значи дека вкупно се изградени или рехабилитирани 336 локални патишта за што од Буџетот на РМ се издвоени вкупно 51 милион евра. Во текот на оваа година треба да завршиме со уште 19 локални патишта и овој проект треба да заврши во 2015 година токму онака како што имаме ветено во нашата програма, рече министерот Јанакиески и истакна дека нареднава година  се започнува  со изградба  на уште еден многу значаен пат за развој на охридскиот регион, тоа е патот од Охрид до Пештани во должина од околу 15 километри за што веќе е започната фаза на проектирање.


 

Инаку со владина поддршка изграден е патот  за манастирот „Св. Недела“ кај Оровник,  изградена е  обиколницата на Охрид,  локалниот пат за село Велгошти, патот од село Лескоец до село Скребатно а се помогна во  до изградбата на патот Вапила - Сирула, како и патот до селото Орман.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1345  пати
Објавено на: 23.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©