Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВААТ БЕСПЛАТНИТЕ КУСРСЕВИ ОРГАНИЗИРАНИ ОД ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Утре, во просториите на работничкиот универзитет “Кузман Шапкарев“ започнуваат  предавањата по  бесплатните курсеви по англиски , германски јазик и информатика што по претходно распишан конкурс градоначалникот Никола Бакрачески ги додели на  34 невработени лица и студенти од општина  Охрид.

Од бесплатните курсеви 14 се  по англиски  16   по германски јазик  и 4  курсеви по информатика.

Износот за еден  курс  по англиски и германски јазик е 2 000 денари односно за  30-те  курсеви по овие два странски јазика  општината   предвиде    60. 000 денари.

Износот за еден курс по информатика е 1 500 денари односно  за  4-те  курсеви се издвоени  6 000 денари.

Ова значи дека од својот буџет општина Охрид за  бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика издвоила  66. 000 денари.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1312  пати
Објавено на: 22.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©