Согласно заклучоците донесени на состанокот одржан во Општина Охрид со присутните претставници од туристичко – угостителскиот сектор, беше донесена одлука за целосна поддршка на Манифестацијата и сите нејзини пропратни активности, која ќе се одржи на 06.07.2013 година.
Претставниците од туристичко – угостителскиот сектор ја поддржаа идејата за целодневни дисконтни цени на своите услуги и производи од 10-30%.
По тој повод, Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид, ги повикува сите заинтересирани страни да го пријават своето учество и висината на попустот, како истите би добиле маркери (со информација за висината на попустот) кои ќе треба да ги истакнат на влезот на објектот, а исто така истите ќе бидат вметнати во промотивниот материјал кој ќе биде изработен.
Сите заинтересирани страни, својот интерес за учество да го пријават на 046/230-175, или info@ohridler.gov.mk најдоцна до 28.06.2013 година.
Извор: www.ohrid.gov.mk |