Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАОКРУЖЕН ЦИКЛУСОТ РАБОТИЛНИЦИ ПРЕДВИДЕНИ СО ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ КАКО НОСИТЕЛИ НА КУЛТУРАТА, ТРАДИЦИЈАТА И ЗНАЕЊЕТО ВО ОПШТИНА ОХРИД“
Untitled Document

Во рамки на проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“, денеска се одржа третата работилница, насочена кон зачувување на традиционалното и  воведување нови иновативни моменти преку изработка на електронска брошура.

Социо- културниот аспект, силните релации ,влијанието на модерното време врз ентузијазмот, љубовта кон традицијата но и љубовта кон технологијата се насоките кои создаваат иновативни моменти, нови методи ,техники  но и современи модели во делот на афирмацијата и промовирање на нашето културно и природно богатсво, кое секако ни од далеку не е за потценување.

 На оваа работилница, иновативноста беше презентирана со мобилна апликација преку која гостите, туристите  и локалното население ќе може подетално да се запознаат со минатото и историската вредност на црквите.

 Апликацијата беше презентирана од претставници на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид, кои несебично и детално ја презентираа технологијата, начинот на изработка и платформата  за непречено функционирање на мобилната апликација.

Со оваа работилница се заокружи циклусот работилници предвидени со проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид“ , чија основа цел беше да ја поттикне креативноста кај младите,  да мотивира и да ги долови новите иновативни моменти сплотени во богатата ризница и традиција на една земја.

Секторот за туризам и локален економски развој го имплементира овој проект со финансиска поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1307  пати
Објавено на: 06.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©