Продолжувајќи ги своите активности за непосреден контакт со граѓаните, градоначалникот Никола Бакрачески на 19 јуни (петок) ќе оствари средба со граѓаните на терасата од кафетеријата Летница, во периодот од 9 до 13 часот.
Во неформална атмосфера, граѓаните ќе имаат можност да разговараат со градоначалникот, да ги изнесат своите гледишта за актуелностите во градот и да побараат активност на локалната самоуправа за надминување на одредени состојби.
Извор: www.ohrid.gov.mk |