Во излетничкиот комплекс кај село Скребатно, викендов во организација на Општина Охрид- Секторот за Туризам и локален економски развој, под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија, а во соработка со Факултетот за туризам и угостителство, се одржа туристичко- промотивната манифестација „Охридска софра“ .
Големиот број на гости имаа можност да уживаат во прекрасниот амбиент, подготвените ѓомлезиња, традиционалната македонска храна и пијалоци, специјалитетите од готвачите од охридските ресторани и хотели, како и традиционалните охридски јадења чомлек, кошмишпите и охридска торта, приготвени од студентите од отсекот „ Гастрономија“ при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Во сколоп на манифестацијата „Охридска софра“ се одржа и традиционалната „Ѓомлезијада“ на која учествуваа 22 натпреварувачи. Жири комисијата изврши дегустација и оценување на приготвените ѓомлезиња, при што првата награда и ја додели на Љубица Китеска, втората на Крсте Кантароски и третата на Љубица Ѓузелоска.
Во културно- забавниот дел на манифестацијата присутните гости можеа да уживаат во звуците на етно групата „Љубојна“ и ансамблот „Билјана – јуниор“ .
Општина Охрид им се заблагодарува на поддржувачите на оваа манифестација: АД „ Галеб“ , „ АСП- ПАК“ , „ ДАСС- инжинеринг“, „ Жито Леб“ , хотел „ Белведере“ , „Рибен ресторан“ и „ ПАП“ од Охрид, медиумскиот покровител „ ТВМ“ , спонзорите: „ ЛТХ Леарница“ , млекарата „Здравје“ од Радово, хотел „Коцарев“ и хотел „ Милениум Палас“ и помагателите: „ ПН Метал“ , ресторан „ Острово“ во Св. Наум и хотел „ Гарден“ .
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Охридска софра 2013
|
Извор: www.ohrid.gov.mk |