Во рамки на реализација на проектот „Превенција од зависност“, денес, во Основното училиште „Христо Узунов“, претставници од одделението за превенција при СВР Охрид, одржаа предавање за превенција од злоупотреба на дрога, цигари и алкохол. На учениците од седмо и осмо одделение им беа презентирани штетните последици од употребата на дрога, алкохол и цигари. Исто така им беа презентирани и начините за заштита од истите.
Вакви предавања од страна на претставници од СВР Охрид ќе се одржат во сите основни училишта во општина Охрид
Извор: www.ohrid.gov.mk |