Градоначалникот Никола Бакрачески, на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита утрешниот, голем верски празник Курбан Бајрам.
- Нека вербата во Бога не води по вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето нека владее разбирање, без разлика на етничката, верска или било каква припадност. Курбан Бајрам е празник кој означува меѓусебна почит, солидарност, празник кој ги изедначува луѓето. Како дел од ова мултикултурно општество, мораме сите заедно да живееме еден со друг, да се почитуваме во толеранција и хармонија. Различностите треба да бидат тие кои ќе не спојуваат и ќе не водат напред. Граѓаните од сите вери и заедници мора да продолжат заедно да ја градат иднината на Охрид и Република Македонија, зошто тоа е вистинскиот пат за сите нас.
Почитувани сограѓани од муслиманска вероисповест,
празникот Курбан Бајрам поминете го во фамилијарна позитивна атмосфера, со желби за многу здравје, среќа, радост, мир и хармонија во Вашите семејства.
Извор: www.ohrid.gov.mk |