Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА ВТОРАТА ФАЗА ОД ПАТЕКАТА КАЈ СТУДЕНЧИШТА
Untitled Document

Изградбата на втората фаза од пешачката патека кај каналот Студенчишта е во завршна фаза.По поставување на севкупната потребна комунална инфрструктура од страна на Охридските јавни претпријатија,изведувачот на градежните активности „Еуростил“ од Охрид пристапи кон поплочување на трасата по којашто е зацртан текот на пешачката патека.
Што се однесува до физичките карактеристики на патеката,исто како и при првата фаза,таа е широка околу 12 метри и на неа има дел за пешаци и велосипедисти а средината на патеката ја краси модерно хортикултурно уреден простор оплеменет со клупи за одмор и релаксација и две новопоставени чешми со питка вода.

Како и при изградбата на првата фаза од пешачката патека,и во оваа втора фаза должината на патекаа изнесува 210 метри со што се заокружуваат првите 420 метри од изградбата на истата.

Во моментов,се подготвува тендерската документација за распишување на јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на третата фаза од патеката којашто се планира да биде со должина од 630 метри.

Првиот дел од пешачката патека е дел од проектот на локалната самоуправа за меѓугранична соработка WATERNET,и се очекува градежните активности за изградба на првите 150 метри да започнат паралелно со третата фаза.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1327  пати
Објавено на: 02.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©