Во пресрет на утрешната акција “Денот на дрвото- Засади ја својата иднина“, градоначалникот Никола Бакрачески со дел од своите соработници, денес со засадување на палми во градскиот парк ја најавија утрешната акција, на која охриѓани ќа засадат 8000 садници на кедар и чемпрес во месноста Мазатар.
Градоначалникот Бакрачески истакна дека локалната самоуправа е подготвена за утрешанта акција да се одвива според предвиденото сценарио:
- Денес даваме симболика на утрешниот Ден на дрвото или акцијата „Засади ја својата иднина“ којашто според мене е една од најдобрите и најкорисни активности што Владата на РМ неколку години ја спроведува и која има цел да ја подигне свеста кај населението за обновување на зеленилото и на шумите во Република Македонија. Ние како Општина Охрид, од денес активно се вклучуваме во оваа акција и упатуваме апел до граѓаните на Охрид што помасовно да се вклучат во оваа акција затоа што зеленилото, шумите и дрвата се, народно кажано, белите дробови на секоја околина каде што живеат луѓе. За нас ова е општествено корисна работа кон која треба да пристапат што помасовен број луѓе. – истакна Бакрачески.
Во засадувањето на палмите зедоа учество и претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, деканот на ФТУ Сашо Коруновски и проректорот од Универзитетот “Свети Апостол Павле“ Иван Бимбиловски.
Извор: www.ohrid.gov.mk |