Децата од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „ЗРАЦИ“, кое функционира во просториите на ОУ „Братско Единство“, денеска беа посетени од градоначалникот Никола Бакрачески со цел лично да се запознае со секојдневните активности кои се одвиваат, а кои што неодамна беа поддржани со проектот за социјална инклузија на UNDP заедно со општина Охрид, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Во дневниот центар се ангажирани 5 лица, односно им беше продолжен договорот на социјалниот работник и дефектологот. Во работата на дневениот центар се вклучи 1 психолог и 2 технички лица.
Нашата цел од препораките на UNDP со проектот за социјална инклузија беше да се ангажираат лица кои што подолго време чекаат работа или се самохрани родители. И тоа го направивме. Едно од техничките лица е самохран родител, а другото е родител на дете со посебни потреби. Тие ќе бидат ангажирани во наредните 6 месеци. – изјави Бакрачески.
Се надеваме дека ова нема да биде единствената активност која што Локалната самоуправа заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе ја превземеме во насока на подобрување на условите на децата со посебни потреби, а секако и помагајќи го овај центар, односно со функционирањето на овај центар ги помагаме и семејствата на децата со посебни потреби и им овозможуваме на нивните родители да бидат повеќе ангажирани во нивниот дом во времето кога нивните деца престојуваат во овај центар и секако им овозможуваме на некои од нив да најдат работа да одат на своите работни места и на тој начин да остварат дополнителни приходи во семејството што на некој начин и индиректно им помагаме на децата со посебни потреби. – додаде Бакрачески
Овај центар функционира подолго време наназад. Во текот на наредните неколку недели се очекува министерот за труд и социјална политика да го посети центарот и да оствари средба со градоначалникот со цел за подобра координираност и подобра комуникација како и подобро опремување на овај центар.
Извор: www.ohrid.gov.mk |