Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АКАДЕМСКИОТ СЛИКАР ЈОРДАН МАНАСИЕВСКИ Е ГОДИНЕШНИОТ ДОБИТНИК СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА НАГРАДА
Untitled Document

Ликовниот   уметник  со светско реноме  кој  преку своите уметнички дела ги афирмира охридските и македонски вредности пред Светот, академскиот сликар  од Охрид , Јордан Манасиевски   е добитник на највисокото општинско признание наградата Св. Климент Охридски патрон на Охрид за 2014 година.

Градоначалникот Никола Бакрачески прогласувајќи го годинешниот добитник на оваа престижна награда истакна дека  станува збор за   уметник со брилијантна   кариера.

- Преку  своите уметнички дела и  ликовни излагања  во Германија, Франција, САД, Јапонија , Англија и во многу други земји  успеа да  го   постави Охрид   и Македонија  на светската културна мапа со што спонтано станува наш ликовен амбасадор во странство.   За  охридскиот,  македонски и  интернационален  уметник имаат пишувано многу историчари  на уметност а неговите дела и животен пат на многупати се документирани  на филмското платно. Неговите  уметнички слики  ги видела  европската и светска публика, истакна  градоначалникот Бакрачески и се осврна на придонесот на Манасиевски за   афирмација на Охрид во светски рамки.

 -   Во 2004 година  изложувал  во Бон и Троисдорф - Германија ;2009 година изложува во есенскиот салон во Париз каде неговата слика “Пред величествената порта“ ќе биде кандидат за наградата Гранпри на Салонот, истата година  добива специјална награда за цртеж на Светската галерија за цртеж од Остен , Скопје а  следната 2010 година на покана на салонот “Големите ѕвезди на утрешнината “ која се одржува во музејот Лувр  во  Париз ќе ја изложи сликата “Молитва за радоста“ за што ќе доби специјална награда  од Јапонската асоцијација за современа уметност  а истата година со таа асоцијација ќе изложува во Токио во престижниот музеј  Д-О со сликата “Цветови за небесната балерина“. Сликата “Приказна за светите простори“ влегува во обемниот каталог за модерна уметност издаден  од јапонската асоцијација за 2010 година. 2011 година изложува на “ARTEX“ во Њу Јорк со сликата “Пријатели на светлината“а истата година изложува и на 8-то Интернационално Биенале во Фиренца- Италија каде го изложува едно од неговите капитални дела “Визија за радоста“. 2011 година  учествува на добротворната изложба  за децата кои ги загубија родителите од цунамито во Јапонија, а неговата слика “Радост“ е дел од специјалниот музички перформанс  “We are not alone“ издадено од големите Јапонски Ѕвезди TSUBASA и Mai Kawamura .2013 година изложува на АРТЕХ -Париз .Од Интернационалниот Биографски Центар – Кембриџ Англија е препорачан да влезе во престижниот речник на Интернационални Биографии 2013 година, и истовремено од Комисијата за награди од ИБЦ Кембрич е номиниран во топ 100 професионалци за 2013 за Уметност; Во 2014 награден  е со Сребрен медал “Човек на годината за 2013“ од ИБЦ- Кембриџ. Манасиевски по прв пат ќе се претстави пред домашната публика во галеријата на музеј Робевци во Охрид 2013, додаде  градоначалникот Бакрачески.

За највисокото општинско признание односно за   Светиклиментовата награда  врз претходно распишаниот конкурс беа предложени   7   видни охриѓани:  Ванчо Чифлиганец- бизнисмен, Јордан Манасиески- Ликовен уметник, Славе Банар- писател, Свето Стаменов- новинар, Влатко Димитров- професор,   Никола Фалев – педијатар, Диме Стојчески Лепиот – спортски работник.

- Комисијата во состав Гордана Коњановска- Претседател, Димитар Спасески, Ангел Јанев, Виктор Топаловски, Гоце Толески, Елизабета Јанкуловска, Људмил Видически,   навистина имаше доста тешка задача и сметам дека составот за кандидатите по своите квалитети беше еден од најдобрите во однос на изминатите неколку години. Сметам дека кој и да беше избран од  овие   7 апликанти  за највисокото  општинско признание нема да беше неправедно, додаде  градоначалникот Бакрачески.

Оценувањето на комплетните пријави од страна на комисијата како и минатата година  беше одлучено  да се врши врз основа на пет критериуми со оцени од 1 до 5 и тоа: општо значење на делото, значење на делото за градот Охрид, афирмираност  на личноста или институцијата, препознатливост од широката јавност и придонес за афирмација на градот, во Македонија и пошироко.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1336  пати
Објавено на: 05.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©