По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески во недела со почеток во 11:00 часот ќе положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците и борците во градскиот парк. Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ ќе одржи проф. Григор Ангеличин- Жура.
Претставници од општина Охрид во 10:30 часот во село Плаќе ќе положат цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец во 1903 и НОБ на Македонија а по повод празникот ќе се одржи и историски час.
Извор: www.ohrid.gov.mk |