Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ФИНАНСИСКА СРЕДСТВА ОД КАЕН ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО СТАРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ
Untitled Document

“Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“, е проектот со кој Општина Охрид аплицираше и доби средства  за негова реализација  во износ од 13 000 евра  од Каен- Долна Нормандија.

Проектот е дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија и се реализира преку Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија. Носители на проектните активностите ќе бидат општина Охрид  и општина Каен во соработка со Завод и музеј од Охрид.

Оваа конкретна соработка меѓу Општина Охрид и Општина Каен е резултат на работната посета што неодамна во Долна Нормандија ја оствари делегација на  Општина Охрид, предводена од секретарот на општината- Димитар Спасески.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1236  пати
Објавено на: 27.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©