Надлежните служби од општина Охрид и на екстремно ниски температури интензивно работат на санирање на штетите и пополнување на ударните дупки низ охридските улици по снежното невреме во Охрид.
Оперативните екипи на ЈП “Нискоградба“ , во текот на денешниов ден и вчера работат на санација на ударните дупки на пресекот на булеварот Туристичка со улица “Стив Наумов“.
Опсежната и интензивна акција за санација на штетите низ охридските улици ќе продолжи со несмалено темпо и со уште посилен интензитет во наредниов период.
Извор: www.ohrid.gov.mk |