Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ГИ ПОСЕТИ РЕКОНСТРУИРАНИТЕ КАПТАЖИ ВО КУРАТИЦА
Untitled Document

Денеска градоначалникот Никола Бакрачески  и  Амбасадорката од Сојузна Република  Германија  во Скопје, Гудре Штајнакер  во атарот на село Куратица  ги  посетија     каптажите  на   водоводниот систем на селото кои  Локалната  ги  реконструира  со финансиска помош на  Германската амбасада.

“Би ја искористил оваа прилика да се заблагодарам на амбасадорката и германската амбасада за целокупната поддршка на овој проект којшто беше аплициран веднаш после  новиот состав на локалната самоуправа , во месец април 2013 година. Договорот за реконструкција беше потпишан во месец јули а целокупните работи околу каптажите завршија во септември и од тогаш новиот водоводен систем за Куратица е пуштен во употреба.     Проектот подразбираше реконструкција на старите каптажи, изградба на нови и реконструкција на водоводниот систем  како и  дел од пристапниот пат до каптажите.  Проектот е тежок 592 000 денари од кои што најголемиот дел беа  обезбедени од  германската амбасада а  помал  од  општинскиот буџет. Проектот за реконструкција на каптажите е можеби финансиски мал но е од фундаментално значење  за охридската локална самоуправа и за жителите на селото. Со него  се зголемија перформансите на водоводниот систем и од 0,2 литри во секунда колку што беше претходниот капацитет на снабдување со вода ,со новиот каптажен систем се зголеми капацитетот на  2,5 литри во секунда“, потенцира Градоначалникот Бакрачески кој додаде дека со реализирањето на овој проект се исполнил еден од битните предуслови за развој на руралниот туризам во Охрид, на кој  новата локална  власт посветува големо внимание.

“Реализацијата на овој проект е само почеток на нашата идна соработка со општина Охрид. Со градоначалникот  Бакрачески разговаравме за можностите и потенцијалите за развој на руралниот туризам, за одличните услови за производство на органска храна па и нејзино брендирање“, рече амбасадорката  Штајнакер, која пред  посетата на каптажите во Куратица, во општинската зграда  оствари работна средба со градоначалникот Бакрачески.        

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1266  пати
Објавено на: 06.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©